Македонецот Стојче Тасков на листата на 100-те највлијателни менаџери во регионот

Хрватскиот специјализиран бизнис магазин LIDER, ја објави листата на 100-те највлијателни менаџери во регионот на Југоисточна Европа, на која листа за прв пат се наоѓа и еден Македонец. 
Имено, хрватскиот специјализиран бизнис магазин LIDER, изработи листа во која ги селектираше 100-те највлијателни регионални менаџери во Југоисточна Европа. LIDER, предизвикот за управување во рамки на регионот го опишува како “постојана потреба да се следи и разбира законодавството, културата и спецификите на секој од пазарите, со цел да се обезбеди водечка позиција на сопствениот бренд на секој од локалните пазари”. 
Според хрватски LIDER, еден од 100-те највлијателни регионални менаџери во Југоисточна Европа според личниот авторитет и позицијата на брендот што го раководи е господинот Стојче Тасков, Регионален директор на Групацијата ЕОЅ за Југоисточна Европа.

најчитано сега