Собранието со полни раце работа
Собранието денеска ќе ја одржи шестата седница на чиј дневен ред се предлог законите за изменување на законите за пензиското и инвалидското осигурување, за придонеси од задолжително социјално осигурување и за здравственото осигурување, сите по скратена постапка. Предлог-законите се поднесени од страна на пратениците Илија Димовски, Талат Џафери, Драган Цуклев и Ромео Тренов.
На дневен ред се и верификацијата на мандат на пратеник во Собранието на Република Македонија, како и предлог одлуките за избор на претседатели, нивни заменици, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието на Република Македонија и на делегациите на Собранието во ПС на Советот на Европа, во ПС на ОБСЕ, во ИПУ, во ПД на ЦЕИ, во ПС на НАТО, во ПС на Медитеранот, во ПС на ПСЈИЕ, во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација.
Пратениците треба да гласаат и за разрешување и именување член на Одборот за доделување на државната награда „Св.Климент Охридски“ и на Советот за статистика на Република Македонија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа