Мртов пијан ја прегазил со автомобил додека си влегувала дома - уште една страотна несреќа

Околу 2 часот по полноќ, утрово пред прагот на сопствената куќа, млада девојка била удрена со автомобил во Крагуевац.

Според податоците на српскиот Ало, девојката чиј идентитет е непознат, си влегувала во дворот, кога пијан возач кој дивеел со својот автомобил на улицата, во еден момент ја удрил. Возачот загубил контрола, удрил во друго возило, па во девојката.

Таа со повреди на главата била итно пренесена во болница.

22.06.2014 - 15:22
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега