Десет пати го прободел татка си со штрафцигер - крвав настан го згрози Балканот

Педесетгодишен Србин го убил својот татко со штрафцигер во нивната семејна куќа. Според податоците од српскиот Ало, се работи за 51-годишниот Г.М. кој го убил својот 93-годишен татко.

Според неофицијални податоци на порталот, Г.М. подолго време работел во Франција и Германија, но се вратил поради финансиски проблеми. Тој бил примен во психијатриска болница и имал психички проблеми.

Синот и таткото започнале расправија, која кулминирала кога тој се разбеснил, земал штрафцигер и го прободел десетина пати таткото, по што старецот починал на лице место.

21.06.2014 - 12:44
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега