Нападнал полицаец, па му влегле дома: Падна дилер од Џепчиште
35-годишник од тетовското село Слатино е приведен поради напад на полициски службеник. Апсењето се случило завчера пред полноќ, а веќе следниот ден полицијата извршила претрес во неговиот дом каде била пронајдена дрога.
-Вчера во 12.10 часот, полициски службеници од СВР Тетово и ПО Теарце извршија претрес во дом и помошни простории кај Б.С.(35) од с.Слатино, тетовско, кој претходниот ден околу 23.50 часот бил лишен од слобода на локалниот пат с.Џепчиште- с.Варвара поради напад врз полициски службеници кои вршеле службени дејствија. При претресот се пронајдени и одземени две дигитални ваги и пет кесички со бела прашкаста материја, се вели во полицискиот билтен на СВР Тетово.
По документирање на случајот, велат оттаму, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа