Се судрија шлепер и два Голфа на патот Скопје-Велес - повредена Германка

Сообраќајна несреќа во која дошло до судир меѓу шлепер „Мерцедес“ со скопски таблички и два автомобили „Голф“, едниот со скопски, другиот со охридски регистерски таблички, се случи вчера попладнето на магистралниот пат Велес-Скопје кај мостот Отовица.

Во несреќата полесно повредена е 55 годишната Германка Г.Ф.Б., со привремен престој во Скопје, која го возела охридскиот „Голф“. Скопјанецот кој го возел шлеперот и 34 годишната Б.С. од Скопје која управувала со другиот „Голф“ поминале без повреди.

Германката е сега пуштена на домашно лекување

21.06.2014 - 12:21
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега