Кремљ со критики за украинскиот предлог за мировен план

 

Кремљ денеска соопшти дека предлогот на украинскиот претседател Петро Порошенко за едностран прекин на огнот наликува повеќе на ултиматум и во него нема понуда за почеток на разговори со сепаратистите во источна Украина.

Според нив планот на Порошенко е соопштен „со намера или случајно“ во момент кога украинските сили пукаат врз руска територија во близина на границата. При што е повреден еден руски цариник.

- Според првична анализа за жал се покажува дека тоа не е покана за мир или преговори туку ултиматум... Се уште отсуствува главниот елемент - предлог за отпочнување преговори, се истакнува во соопштението на Кремљ.

20.06.2014 - 20:51
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега