Костарика го сотре и вицепрвакот Италија

 

Репрезентацијата на Костарика со победата над Италија со 1:0 обезбеди пласман во осминафиналето на Светското фудбалско првенство во Бразил.

Во првиот меч од денешната програма на првенството одигран во Ресифе, а во рамките од 2.коло на групата Д, селекцијата на Костарика со голот на Брајан Руиз во 44. минута ја победи Италија и со вториот триумф на Мундијалот обезбеди пласман во следната фаза на шампионатот.

Костарика е четврта селекција на првенството, која уште во второто коло обезбеди место во осминафиналето, приклучувајќи им се на Холандија и Чиле од група Б, односно Колумбија од Ц група.

Вечерва на првенството ќе се одиграат и двата натпревара од Е групата. Од 21 часот играат Франција и Швајцарија, селекции кои во првото коло забележаа победи, додека поразените од првата рунда во оваа конкуренција Хондурас и Еквадор својот натпревар ќе го започнат точно на полноќ. 

20.06.2014 - 20:41
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега