Владата го усвои предлог-законот за отпис на долговите

 

Еден ден по изборот на новата Влада денеска беше одржана Владина седница на која, како што информираше претседателот на Владата, Никола Груевски, усвоен е предлог законот за отпис на долговите за социјално-ранливите граѓани.

- Ова е приритетна мерка и е прва која по формирањето на Владата е донесена а се однесува на отпис на еден дел од долговите на граѓаните и оваа мерка се носи еднократно како одговор на државата кон последиците од европската и светската економска криза, истакна Груевски, додавајќи дека со оваа мерка ќе бидат опфатени од 50 до 100.000 граѓани, а сите кои ќе сакаат да ги отпишат долговите доброволно ќе треба да поднесат барање.

Инаку, отписот на долговите се однесува за долгови кон ЕВН, долгови за топлинска енергија, долгови од кредитни картички, радио-дифузна такса, и трошоци за нотар и извршители за предмети поврзани со истите.

20.06.2014 - 15:58
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега