Напишете расказ и добијте 30.000 денари

 

Општина Охрид денеска го распиша годинашниот конкурс за најдобар расказ за Живко Чинго, што по 26. пат го доделува на традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“.

Најдобриот расказ ќе биде награден со 30.000 денари, а краен рок за доставување на трудовите е 20 јули, додека резултатите од жирито ќе бидат објавени на 31 јули. Право на учество имаат сите полнолетни лица.

Наградата за најдобар расказ за Живко Чинго ќе биде врачена на 13 август на традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“ во охридското село Велгошти - родното место на писателот.

20.06.2014 - 15:22
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега