Водата во Тиквешкото Езеро безбедна за капење

 

Водата од Тиквешко Езеро е исправна за капење, спорт и рекреација, наводнување и поење стока. Ова го покажаа анализите на Центарот за јавно здравје во Кавадарци.

- Според програмата за превентивна здравствена заштита, во март, мај и јуни земавме по две мостри од водата. Констатирано е дека нема отстапувања во квалитетот, но е заматена, со присуството на органски материи кои не се штетни по здравјето. Бактериолошки е исправна и од тој аспект спаѓа во прва и втора класа, изјави д-р Трајче Ризов, раководител во Центарот за јавно здравје.

Испитувањето ќе продолжи со земање по две мостри во јули, август и септември. 

20.06.2014 - 14:52
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега