Велешани утре ќе се спасат од досадните комарци
Од 5 до 6:30 часот утре во општина Велес ќе се спроведе второто авионско прскање против комарци.
Мартин Мајсторов, портпарол на општина Велес информира дека границата на третирањето е езерото „Младост“, село Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од село Башино Село низ Велес, се до вливот на река Бабуна и село Горно Караслари. На запад границата почнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и село Горно Оризари.
- Посебно се известуваат пчеларите во времето на третирање и три до четири часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства, потенцира Мајсторов.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа