Денес е петок- подгответе тавче гравче

Потребни состојки:

700 гр. грав

2 главици кромид

2 чешлиња лук

2 лажици брашно

5-6 листови суво нане (мирудија)

Масло за јадење

Сол

Црвен пипер

Начин на подготовка:

Гравот се става во сад на оган да се вари (првата вода во која се вари гравчето се фрла), потоа ги додаваме главиците кромид и чешлињата лук. Го оставаме да се вари, но не и да се превари (зрната да останат цели). Цедиме дел од водата во која се вареше гравчето (во зависност од тоа, колку вода има останато, а гравчето го претураме во традиционална македонска земјена тава, ги додаваме и исецканите кромид и лук. Во тава, настрана, ставаме да се загрее масло за јадење, ставаме 2 лажици брашно, откако ќе се пропржи малку додаваме и малку црвен пипер и со оваа смеса го запржуваме гравчето. Промешуваме, и одозгора ставаме мирудија (мирудијата дава посебен, специфичен мирис, по кој е и познато македонското тевче гравче), и гравчето го ставаме во рерна да се потпече околу 20 минути на 220оС.

20.06.2014 - 14:33
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега