Легализирани 50 отсто од дивоградбите во Штип
Во Општина Штип легализирани се околу 5.000 дивоградби од над 10.000 објекти за кои сопствениците поднеле барање.
Лазар Хаџи -Николов од Одделението за урбанизам при Општина Штип вели дека останатите барања се некомплетни, односно им недостасува геодетскиот елаборат.
Тој апелира граѓаните да ги комплетираат барањата со цел комисиите и администрацијата побрзо им ги легализираат објектите.
- Ги потсетуваме граѓаните кои досега немаат поднесено барања за легализација и на тарасите, а кои се пренаменити во станбен простор и сега можат да го сторат тоа, да дојдат кај нас и да поднесат барање, вели Хаџи- Николов, пренесе МИА.
Тој додава дека општинската администрација е брза и ефикасна за легализација на дивоградбите во Штип, бидејќи досега се легализирани околу 50 отсто од објектите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа