За селфи фотка VIP дели гратис телефони

Во низата на летни изненадувања, Вип подготви уште една забавна содржина за своите Facebook фанови и сите љубители на selfie фотографиите. Имено, од денес, на својата Facebook фан страна facebook.com/vipmk. Вип започнува избор за најдобра летна selfie фотографија снимена со мобилен телефон, кој на најдобрите ќе им донесе примамливи летни подароци и изненадувања, меѓу кои четири Sony Xperia Z Ultra паметни телефони и главна награда – поставување на билборд на најдобрата selfieфотографија. 

Сите заинтересирани можат да учествуваат со неограничен број на различни креативни selfieфотографии, снимени и пратени од мобилен телефон, а за да учествуваат во изборот,selfieфотографиите треба да ги испратат на е-маил адресата vipselfie@vipoperator.mk. Деталите за правилата на учество се достапни на  www.facebook.com/VipMK.

- Летото е период кој изобилува со забава, безгрижност и многу дружење. Оваа нова интерактивна содржина ја воведуваме за љубителите на selfieфотографиите и авантурите со цел да ја поттикнеме нивната креативност, да ја потенцираме индивидуалноста, слободниот дух и убавината во секој од нив. Сигурни сме дека нашите корисници ќе ја препознаат дополнителната вредност во оваа активност, бидејќи нашето Повеќе за вас” e нешто кое со големо внимание го негуваме, изјави Гернот Раш, Главен маркетинг директор на Вип оператор.

Изборот за најдобра летна selfie фотографија ќе трае од 18 јуни 2014 до 3 август 2014 и ќе биде поделен во четири циклуси. Заинтересираните можат да се приклучуваат кон кој било од циклусите со различни фотографии, а победничката selfie фотографија која има најмногу лајковиво секој од циклусите ќе биде наградена со Sony Xperia Z Ultra и припејд СИМ картичка. Дополнително, за главната награда – поставување на фотографијата на билборд која ќе биде одбрана од страна на жири, во конкуренција влегуваат selfieфотографиите од сите четири циклуси. Второ и трето пласираните selfieфотографии ќе бидат исто така наградени со пригодни подароци.

За потсетување, неодамна Вип претстави одлична можност за бесплатен Facebook за своите припејд корисници која им овозможува бесплатен Facebook каде и да се.

 

Повеќе информации во однос на понудата се достапни на телефонскиот број 077 1234 или на веб страницата  www.vip.mk .

20.06.2014 - 11:32
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега