Македонија стана членка во Меѓународната организација за миграции
Македонија денеска во Женева, на 104-тиот вонреден состанок на Советот на Меѓународната организација на миграции, беше примена како 156-та полноправна земја членка во оваа меѓународна Организација.
Ваквата одлука беше донесена од страна на Советот по поднесеното барање за членство на Република Македонија од страна на Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски адресирано до Генералниот директор на Меѓународната организација за миграции, Вилијам Леси Свинг.
После официјалниот чин на прием, во име на Владата на Република Македонија се обрати Директорот за мултилатерални односи во МНР, Амбасадорот Игор Џундев, кој ја поздрави досегашната добра соработка со Организацијата и ја подвлече континуираната поддршка на активностите на Меѓународната организација за миграции во Република Македонија, посебно за примарните цели на Организацијата која во партнерство со Владата, националните и меѓународните партнери целосно е посветена кон имплементација и зајакнување на стандардите во сите миграционо поврзани прашања.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа