Заев: Ова се условите за да се вратиме во Собранието


Техничка влада е условот без кој не се враќаме во Собранието. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев ги испорача услоите на опозицијата за прекин на бојкотот кој го спроведуваат по катастрофата што ја доживеаа на последните избори. Заев денеска во централата на Бихаќка рече дека опозицијата ја прифаќа подадената рака од премиерот и дека ќе почне со преговорите.

-Услов број еден е формирање техничка влада, што ќе спроведе слободни фер и демократски избори! 

Тоа да е од сега јасно.  Тоа е клучна тема на разговор помеѓу власта и опозицијата.

Задача на таа техничка влада ќе биде да организира и да спроведе избори, на коишто граѓаните ќе можат слободно да ја изразат својата волја. 

-Второто барање е регулирање на одвојувањето на партијата од државата. 

Тоа е прецизна препорака во Извештајот на ОБСЕ/ОДИХР, не само критика на опозицијата. Меѓународната набљудувачка мисија побара цврсти гаранции за одвојување на партијата од државата, бидејки се констатирани злоупотреби од страна на власта на Груевски и несоодветно разграничување на партиските од државните активности.

Трето - регулација на медиумите и правична застапеност на опозицијата на јавниот сервис МРТВ и на останатите медиуми. 

Мониторингот спроведен од ОБСЕ/ОДИХР потврди дека најголем дел од медиумите вклучувајки го и јавниот сервис за време на изборниот процес известувале пристрасно кон владејачката партија. МТВ не одвоила застапеност на опозицијата што и следува по закон, а отсуствува независно известување кај најголем дел од медиумите.

Четврто, потребни се допрецизирања во изборното законодавство и посебно, јасно прецизирање на Избирачкиот список.

Самата мисија на ОБСЕ/ОДИХР нотира загриженост за точноста на Избирачкиот список и голем број лица кои живеат на иста адреса. Фантомските гласачи на кои укажуваше опозицијата на претходните избори, на овие избори се умножија.

 

Поради последново, потребно е спроведување Попис, со што партнерите Груевски и Ахмети свесно калкулираат веќе подолг период. Тоа е петтото барање на СДСМ и коалициските партнери. “ - рече Заев на денешната прес конференција.

Во последните неколку години јавноста како да навикна опозицијата да го бојкотира Собранието. Речи си и да нема собраниски состав во кој пратениците на СДСМ барем еднаш не бил во бојкот. Последниот се случи на почетокто од минатата година откако пропадна обидот на СДСМ насилно да го превземе собранието.
Тогашниот лидер, Бранко Црвенковски исто така бараше техничка влада и организирање на предвремени парламентарни избори заедно со локалните од април, минатата година. На крајот, по преговорите со ВМРО-ДПМНЕ, Црвенковски остана со празни раце.

 

19.06.2014 - 16:50
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа