Лошото време го намали квалитетот на житните култури
Лошите временски услови и врнежите кои деновиве ја зафатија Македонија секојдневно го намалуваат квалитетот на житните култури, посебно јачменот, што ќе доведе до тоа да се редуцира приносите, но производителите, сепак, очекуваат добра жетва.
- Годинава очекуваме една од подобрите жетви. Доколку временските услови се подобрат треба да биде и надпросечна. Во спротивно, ако врнежите продолжат, ќе се намалат приносите и квалитетот што веќе се забележува, изјави денеска Огнен Оровчанец, претседател на Агро комората при Сојузот на стопанските комори.
Намалувањето на површините со пченица што го евидентира и статистиката, Оровчанец го квалификува како светски тренд. - Намалување на површините, а зголемување на приносите е европски и светски тренд. исто така тренд е и зголемувањето на стимулациите. И да се намалени површините, се очекува зголемен принос, напомена Огнен Оровчанец.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа