ЕУ го укина ембаргото за оружје за бунтовниците во Сирија

Министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ,на состанокот во Брисел,се согласија да „не се обновува“ ембаргото за испорака на оружје за сириските бунтовници,што значи дека досегашната забрана,чиј рок истекува на крајот од месецов, се укинува.

Ваквото решение е донесено по долги разговори за надминување на длабоките поделби и различните гледања и ставови околу тоа дали на сириската вооружена опозиција,земјите од ЕУ треба да и даваат оружје и да ја вооружуваат.

Германија и уште некои земји настојуваа да се најде компромисно решение.

Британскиот министер за надворешни работи Вилијам Хејг ја поздрави одлуката на европските министри.

- Значајно е ЕУ да му испраи јасен сигнал на режимот на Асад дека мора сериозно да преговара,како и дека сите опции остануваат отворени,ако Асад одбие да го стори тоа, изјави Хејг за британските медиуми. Австрискиот министер за надворешни работи Михаел Шпринделегер,меѓутоа,рече дека ЕУ ке ја задржи досегашната линија.