Само четири лица се уапсени по убиството на британскиот војник

Скотланд Јард соопшти синоќа дека во затвор се наоѓаат само четворица уапсени,по серијата рации и апсења,по убиството на британскиот војник Ли Ригби.

Од средата претпладне,кога на улица во лондонскиот кварт Вулич беше убиен војникот,полицијата и припадниците на единицата за антитероризам на Скотланд јард,уапсија вкупно десет луге,осомничени дека се дел од заговорот во кој брутално беше ликвидиран Ригби.

Четворица од нив се пуштени со кауција и тие ке треба одново да се јават на сослушување во текот на јуни,а двајца други се ослободени без било какво обвинување.

 Адеболаџо и Адебовеле се уште се наоѓаат во затворската болница,по повредите при престрелката со полициските сили,кога се обидуваа да побегнат по убиството на војникот.

Двајцата убијци го оправдуваат злосторството со политички причини,како „одмазада за муслиманите кои британската војска ги убива секој ден“. Британски експерти за тероризам не веруваат дека тие двајцата се сами во нападот и бруталното убиство и сметаат дека зад убиството на војникот Ригби се крие „испланиран заговор“ и поголема „терористичка мрежа“.