Многу ќе ви се допадне: Еве кој ќе пее на „Пиво фест“ во Прилеп

Најпознатиот балкански и долгоочекуван Фестивал на пивото „Пиво фест“ и годинава ќе го преполни градот Прилеп. Организаторите на фестивалот се потрудија фестивалот да привлекува гости со многу музика, скара, пиво, забава, дружење и сето тоа во четири вечери.

Оваа година на сцената на дванесетиот Фестивал на пивото ќе настапат: Ана Николиќ, Јелена Розга, Данијел Кајмакоски, Жељко Самарџиќ, Тони Цетински, “Хладно Пиво”, Владо Јаневски, Емина Јаховиќ Сандал, Игор Џамбазов… и многу други познати македонски и балкански музички ѕвезди.

”Пиво фест” годинава ќе се одржи од 17-ти до 20-ти јули, на Градскиот плоштад во Прилеп “Марко Цепенков” пред Комерцијалната Банка. Ако сте љубители на добра забава, пиво и скара, тогаш дефинитивно Прилеп е вистинската дестинација за вас.

19.06.2014 - 12:35
Фото: 
kicevo.mk
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега