Чудно: Заев во Грција оди пеш - автомобилот од 80.000 евра во гаража

Во неколку наврати лидерот на СДСМ ја минувал македонско-грчката граница пеш, на излез или на влез. Зошто тоа би го правел човек со автомобил од 80.000 евра? Интересно, некои од прошетките на Заев на југ или исток се поклопуваат со битни настани за Македонија, пишува Дневник.

Дневник потсетува на неколку факти поврзани со лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Тој, пишува весникот, е човек чие семејство има богатство од повеќе милиони евра и автомобил од 80.000 илјади евра. Заев е човек, кој во својата партија создаде низа непријатели кои не можат да се помирагт со неговата позиција, ниту со дел од неговите постапки. Дел од тие постапки, пишува Дневник, се и некои негови патувања во Грција и Бугарија.

- Во август минатата година или поточно на 24 август околу шест часот попладне пеш го минал граничниот премина кај Дојран и влегол во Грција. Всушност, тоа го прави во неколку наврати. Зошто некој би влегувал во Грција пеш или обратно? Во посочениот случај се вратил во Македонија следниот ден попладне, овој пат со возило. Што би можело да значи тоа? Шопинг-тура до фри-шоп? Тој кај Дојран е мал, а со само десетина километри повеќе возење се стигнува до гевгелискиот. Згора на тоа, во фри-шоп не се останува 24 часа, пишува Дневник.

Неколку дена подоцна, дознава Дневник, на 31 август, лидерот на СДСМ, одново заминал за Грција и овој пат влегол во земјата преку истиот премин со возило, а се вратил следниот ден пеш. 

-На 9 септември 2013 година влегува во Грција и излегува од земјата по девет часа истиот ден. Во двата правца го минува ГП Дојран, и тоа како пешак. Дали од таа страна го чека возило? И зошто?, пишува Дневник,

Според Дневник, токму овие патувања на Заев се поклопуваат со одредени случувања во Македонија. 

-На пример, по патувањето на 31 август, во партијата можело да се чуе дека е обезбедена политичка поддршка од странство. На 9 септември Метју Нимиц се среќава во Њујорк со грчкиот министер за надворешни работи Евангелос Венизелос. Kаква врска има тоа со патувањето на Заев во Грција? Не мора да има никаква, од друга страна, сешто може на човек на да му падне на памет. На 23 октомври минатата година на ГП Богородица Заев има влез во РМ во попладневните часови, односно околу 16 часот, и тоа како пешак. Што би значело тоа? Дека влегол во Грција од друг премин, можеби од друга држава, но, пак, зошто се враќа како пешак? Што, всушност, значи ова невообичаено однесување? Интересно, на 23 октомври во Њујорк почна дводневна рунда разговори за спорот за името, свикана од амбасадорот Метју Нимиц, пишува весникот.

Според Дневник, на 14. декември 2013 година, Заев влегол од Грција во Македонија кај граничниот премин Богородица со возило. Токму тие денови, во ЕУ се подготвуваше заклучокот за РМ, донесен на 17 декември, со кој е утврдено дека на прашањето за почетокот на пристапните преговори на Европската комисија со РМ, „земјите-членки ќе се навратат во 2014 година“. 

Се разбира, потенцира весникот, во секоја земја, па и во Македонија, секогаш има настани кои можат да се врзат за одреден датум, па овие настани може да се сфатат и како занимливи коинциденции. 

Од друга страна, пишува Дневник повикувајќи се на свои извори, една од дестинациите на Заев е Солун, а таму често го милувал локалот спроти Националната банка на Грција. Тоа е место, стои во статијата на весникот, каде што може да се сретне и еден Македонец кој две години живее и работи во Солун. Што? Тоа е веќе друга приказна. 

-На 7 февруари оваа година вечерта Заев излегува од РМ преку Ново Село, а се враќа на 9 февруари околу пладне преку истиот премин. Дента, на 7 февруари, Заев и Шекеринска имаат средба со ЕУ-претставникот во РМ Аиво Орав и со директорот на Директоратот на ЕУ за проширување, Kристијан Даниелсон. На средбата се говори за претседателските избори, а двоецот од СДСМ бара фер избори. На 28 февруари претпладне преку ГП Дојран Заев одново оди за Грција, а се враќа попладне преку Богородица. Во двата правца оди со возило. Еден ден пред тоа Стево Пендаровски ја прифаќа партиската кандидатура, а на 1 март Груевски вели дека ќе има и парламентарни избори. На 7 март Заев повторно заминува за Грција. Дента СДСМ го започнува случајот „Актор“, кој се однесува на изградбата на делницата Демир Kапија-Смоквица, со завршната реченица, која подоцна ќе стане вообичаен стил на СДСМ: „Груевски, ќе кажеш или ние да продолжиме“. Нова прес-конференција следува наредниот ден, а на 9 март Петре Шилегов посочува и одредени документи за „Актор“ каде што главен актер е грчка фирма, пишува Дневник. 

Следна екскурзија на Заев е на 19 март кога тој ја напуштил Македонија преку Ново Село,за да се врати по неколку часа преку истиот премин. Токму тогаш, посочува весникот, Нимиц закажува нова рунда преговори, а од СДСМ стигнуваат шпекулации за случај што ќе го донесе СДСМ на власт. Неколку дена потоа, Шекеринска најавува “бомба документи“ за државниот врв.

- „Бомбата“, која многу личи на таа што му беше пуштена на турскиот премиер Ердоган неколку дена пред гласањето, исто така е објавена пред изборите. Атмосферата се загреваше така што СДСМ започна со млаки прес-конференции за да го засилува темпото секој ден, с` до објавување на аудиоснимката за случајот со Македонска банка. Сето тоа проследено на крајот со истата реченица: „Груевски, ќе кажеш или да продолжиме“, пишува Дневник.

Од весникот побарале објаснување за овие моменти, но, лидерот на СДСМ, Зоран Заев не им одговорил.

19.06.2014 - 10:31
Фото: 
вмро.мк
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега