„ Денес собрав храброст да клекнам пред тебе“ - запросување на терен кое ќе се памети долго
Тенисерката од Холандија Михаела Крајичек по победата на првото коло на турнирот Topshelf Open беше запросена од своето момче.
29 - годишното момче, германскиот тенисер Мартин Емрих се потрудил уште повеќе да и го развесели денот, па влегол на теренот после краткиот емотивен говор ја запросил Михаела на истото место каде се запознале минатата година.
“Денес собрав храброст за да клекнам пред тебе. Те сакам веќе долго време. Ветувам дека секогаш ќе ти бидам верен и искрен со тебе, и затоа те прашувам пред сите овие луѓе. Сакаш ли да се омажиш со мене?“, биле зборовите на Мартин, а шокираната и насмеана Михаела веднаш прифатила.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа