Даниел, Тамара, Маид и Доктори ќе ја забавуваат публиката во Кратово!

Од 20 до 22 Јуни, градот Кратово ќе биде центарот на музичките случувања во Република Македонија. По неколкугодишно отсуство, Кратовските Златни Денови 2014 е еден од настаните со кои градот почнува да го враќа својот препознатлив сјај и преку забавни содржини, да ги враќа туристите назад во градот со големо историско значење.

Кратовски Златни Денови 2014 е фестивал кој од 20-ти до 22-ри Јуни ќе се одржува во Кратово, на различни локации низ градот. Првиот фестивалски ден е резервиран за забавни изведувачи, а како главни ѕвезди на вечерта се најавуваат Sвездите од Х Фактор. Дополнително, на првата фестивалска вечер ќе настапат и Љубојна. Фестивалот е главно инспириран од Европското првенство во тамбури кое ќе се одржи на 21-ви Јуни, заедно со  настапот на составот Оџила.  22-ри Јуни е ден предвиден за најмладите, со забавни содржини кои ќе бидат главно наменети за оваа возрасна категорија.

Фестивалот е замислен и како своевидна промоција на убавините на Кратово, па за таа цел ќе бидат организирани интересни дополнителни активности за сите посетители почнувајќи од посета на локалитети, се до одржување на концерти на специфични локации во пријатен амбиент, како и забава за помладата публика со диџеите од Сити Радио и диџеј Шорти П.

 

Како одлични домаќини, Кратовчани со нетрпение ги очекуваат Златните Денови 2014. За самиот град, ова ќе биде настан кој дополнително ќе го раздвижи градот, а со тоа и можност за сите посетители покрај природните убавини на градот, да ги запознаат и традициите и обичаите на овој дел од Македонија.  

18.06.2014 - 11:48
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега