Се подготвува невиден спектакл - Јоксимовиќ доаѓа во Скопје со 15 шлепери
Бина, озвучување, осветлување и друга сценска опрема за концертот на Жељко Јоксимовиќ, кој ќе се одржи на 21 јуни на стадионот „Филип Втори“, ќе биде транспортирана со дури 15 шлепери од Белград.
- Опремата на стадионот ќе се поставува пет дена. Предниот дел на бината, тежок 40 тони, ќе биде долг 34 метри, а за поврзување на комплетниот систем ќе бидат употребени дури 60 километри кабли- вели организаторот на концертот и додава дека е предвидено настапот на српската ѕвезда да трае 3 часа, пренесе Курир.
За безбедност на посетителите ќе се грижат 250 луѓе и засега е само познато дека гостин ќе му биде Даниел Кајмакоски, со кого Жељко веќе го сними дуетот „Скопје-Белград“.
- Веќе три-четири години сакам да запеам на овој стадион и сега конечно тој сон ќе ми се оствари, рекол Јоксимовиќ, кој доаѓа со семејството, ќерката Мина, сопругата Јована, но и двомесечниот син Коста. Организаторите очекуваат дека таа вечер на стадионот ќе има 50.000 посетители.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа