Трагедија во Малезија - потона брод со 97 патници

Потона брод покрај крајбрежјетона Малезија кој превезувал 97 лица од Индонезија, а 61 патник се уште не е пронајден. Како што пишуваат тамошните медиуми, патниците, меѓу кои имало жени и деца, веројатно се обидувале нелегално да влезат во Малезија. 

Еден брод е вклучен во потрагата по евентуално преживени патници, а подоцна ќе му се придружат уште два.

Несреќата се случи синоќа околу полноќ по локално време на три километри од крајбрежното гратче Бантинг во Малакскиот премин.

18.06.2014 - 09:33
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега