Пленарна седница на македонското Собрание

Македонското Собрание денеска треба да ја одржи четвртата пленарна седница, а ќе заседава и Комисија за прашања на изборите и именувањата.

На дневен ред на пленарната седница се Предлог на одлука за објавување јавен конкурс за избор на член на Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер и  Предлог на закон за изменување на Законот за пратениците, по скратена постапка. 

Членовите на Комисијата за прашања на изборите и именувањата ќе утврдуваат предлог-одлуки за избор на членови во делегациите на Собранието на Република Македонија во парламентарните собранија на Советот на Европа (ПС СЕ), Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ПС ОБСЕ), Интерпарламентарната унија (ИПУ), Централноевропската иницијатива (ПС ЦЕИ), Северноатлантската договорна организација (ПС НАТО), Парламентарното собрание на Медитеранот (ПС на Медитеранот),  Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПС ПСЈИЕ) и во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација. 

18.06.2014 - 08:29
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега