Убиениот Македонец во Австралија бил вмешан во подземјето?

Убиството на битолчанецот Џон Гашовски, чие безживотно тело пред два дена беше пронајдено во националниот парк Илавара близу Болонгонг, Австралија, е дело на професионален убиец кој зад себе не оставил никакви физички траги.

- Ги истражуваме сите негови контакти, посебно со неговите најблиски бизнис партнери и сонародници, од кои повеќето имаат големо полициски досие и се познати како членови на криминални групи, велат од сојузната полиција во Сиднеј за тамошните медиуми.

Вниманието на полицијата го задржале информациите дека фирмата на Гашовски, ЈСЈ комуникации била ликвидирана во јуни минатата година, а австралиската Комисија за хартии од вредност и инвестиции издала Нота фирмата да биде одјавена и избришана од листата на фирми во Австралија поради долгови.

Гашовски имал три деца. Во изминатиот период, само неговата сопруга Џеки била вработена, а според полицијата семејството живеело одлично, не побарало финансиска помош од државата, па дури купило и нова кола.

Овие информации за финансиската стабилност на Гашовски, како и неговите врски со криминалците, биле клучна алка во полициската истрага. Според полицијата, можно е Гашовски да имал бизнис релација со наркомафијата со потекло од Македонија.

17.06.2014 - 12:44
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега