Драма на „Богородица“: Украден „Ренџ Ровер“ ја “запали“ македонската полиција
Полицијата фатила Бугарин кој се обидел да го премине граничниот премин „Богородица“ со украден „Ренџ Ровер“.
29 годишниот Бугаринот К.С.Н., вчера во 13:30 часот се појавил на „Богородица“ со „Ренџ Ровер“ со софиски регистарски ознаки сопственост на „Уникредит Лизинг“-Софија-Бугарија. Граничната полиција утврдила дека сообраќајната дозвола на возилото е фалсификувана и фалсификуван е ВИН бројот. По извршените проверки во базата на Интерпол, било утврден дека возилото е украдено.
Бугаринот бил уапсен. Се работи на целосно расчистување на случајот.
17.06.2014 - 12:24
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа