Тетово: Ги тепале, треселе, малтретирале - на крај сфатиле дека мачат погрешни момци

Филмска пресметка се случила на улицата „Димо Гаровски Кара“ во Тетово. 

Автомобил „БМВ Х5“ во кое се наоѓале две маскирани и вооружени лица му го попречил патот на автомобил „Голф 3“ во кој биле 23 годишниот Ш.М. и 25 годишниот С.Ј., двајцата од скопско Арачиново. Откако им го попречиле патот, маскираните разбојници излегле од нивното БМВ, го зеле клучот од возилото на Ш.М. и С.М., ги извадиле надвор и ги легнале на земја. Разбојниците го претресле возилото и облеката на жртвите и потоа еден од насилниците со пиштол го удрил Ш.М. во главата. Откако го направиле хаосот, разбојниците сфатиле дека малтретираат погрешни лица и избегале од местото на инцидентот.

Се преземаат мерки за откривање на сторителите и расчистување на случајот.

 

17.06.2014 - 11:57
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега