Го славел крајот на учебната година - детенце преживеа удар од 6.000 волти

 

Во село во Зајечар верувале или не, детенце преживеало удар од 6.000 волти, откако се качило на трафостаница висока четири метри.

Според податоците на српскиот Ало, се работи за 11-годишниот Н.В. кој заедно со своите другарчиња од училиште го славел завршувањето на учебната година. Со нив биле и нивните родители, но откако си отишле, момчето во еден момент се качило на трафостаница и допрел една од жиците со висок напон, при што го удрила струја со јачина од 6.000 волти. Н.В. аднал на земјата, а како што велат лекарите, народски кажано, земјата е таа која му го спасила животот.

Кога ученикот го удрила струја, цело село останало без електрична енергија, па неговиот татко излегол да види што се случува. Кога го видел својот син, веднаш го зел автомобило и го однел во болница. Лекарите велат дека е вистинско чудо како детето преживеало ваков удар и се здобило само со изгореници од втор и трет степен.

17.06.2014 - 09:14
Фото: 
а1.он
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега