Украинскиот претседател смисли решение за прекин на огнот во земјата
Украинскиот претседател Петро Порошенко денеска најави дека ќе понуди план за привремен прекин на огнот во источниот дел на Украина.
- Се надевам дека тоа ќе се случи оваа недела, истакна Порошенко на сосотанокот на Украинскиот совет за национална безбедност и одбрана.
Тој истакна и дека ги задолжил владините сили во текот на неделата повторно да воспостават контрола над украинската граница со Русија.
- Кога украинските сили повторно ќе успеат да воспостават контрола над границата, треба да се разгледа воведување на привремен прекин на огнот, како и да се вложат напори наопходни за постигнување на мировен план, посочи Порошенко.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа