Македонија доби и светски премиер

 

Македонија веќе десетина дена има и светски премиер. 48 годишниот сопственик на телевизијата БТР, Зоран Димов е избран за премиер на Светскатаромска влада. Тој беше избран со едногласна одлука на последниот Конгрес на Меѓународната ромска организација (International Romani Union - IRU) одржан на 4 и 5 јуни во романскиот град Сибиу, на кој учествуваа Роми од 38 држави, пишува денеска, пишува Dw.de.

СОпственикот на БТР е горд на својата нова титула и можностите кои таа му ги дава за актуализирање и решавање на проблемите на Ромите. Инаку, Димов е прв ромски премиер во историјата Ромите, со оглед дека владата е востановена на последниот конгрес на ИРУ.

-Се одржа нов Конгрес, на кој беше усвоен и нов статут, според кој, освен четири потпретседатели, во кабинетот на претседателот на ИРУ ќе има и Генерален секретар на организацијата. Во согласност со новата систематизација, Конгресот реши да востанови влада и парламент. Со тоа, освен претседател, ИРУ сега има и влада и парламент, вели Димов за Дојче Веле. Во моментов, на чело на двете нови институции се Македонец и Молдавец.

Парламентот на ИРУ има двајца потпретседатели и 48 делегати, додека во Владата на Димов има четири вицепремиери, 17 министри и 17 заменици. Делегатите едносгласно одлучиле дека Димов треба да седне во премиерската фотелја. Од земјите во регионот, во Владата на Димов, министри се двајца бугарски Роми-  Маријан Христов од градот Левски застана на чело на Министерството за надворешни работи,  додека Илија Петров од Ловеч е прв човек на Министeрството за надминување на последиците од холокаустот врз Ромите за време на Втората светска војна. Заменик на Петров ќе биде Ром од САД. Како што јавуваат бугарските медиуми, Христов и Петров се познати како борци за социјалните права на Ромите. На средбата со премиерот Пламен Орешарски која се одржала во мај, Петров барал да им се простат неплатените здравствени осигурувања на Ромите кои се во тешка егзистенцијална состојба, но побарал  и ред други поволности во однос на плаќањето комуналии на сите кои живеаат во супстандардни живеалишта.

Димов располага со многу алатки кои треба да му овозможат ефикасно работење на Владата. Тој има право да ги смени министрите, замениците како и потпретседателите во кабинетот на петседателот на ИРУ и во Парламентот, како и делегатите во него. Но, со премиерската функција, Димов ќе има и големи обврски -а секои три месеци треба да доставува извештај за работата на неговиот кабинет. Владата на Димов ќе заседава четири пати годишно, на секои три месеци, во Кишињев, главниот град на Молдавија, а првата седница ќе ја одржи во октомври. Покрај тоа, Владата на секои два месеци ќе заседава заедно со кабинетот на претседателот на ИРУ. Помалку работа има парламентот, кој ќе заседава два пати годишно.

-Димов за неговата премиерска работа засега нема да добива плата. ИРУ не располага со таков фонд, а организацијата се надева дека можеби мала финанска помош за работата на новите институции ќе се обезбеди со доброволни донации од ЕУ, од фондови од САД и од фондот на холокаустот од Германија. Но, организацијата засега не е фокусирана на тоа прашање. Нејзините амбиции се насочени исклучиво кон зголемувањето на нејзиното влијание и присутност во европските и светски институции. Во септември, ИРУ, која има седиште во зградата на ООН во Њујорк, очекува нејзини претставници да остварат средба со Генералниот секратар на ОН, Бан Ки Мун и со претседателот на САД, Барак Обама. Освен во Њујорк, ИРУ има своја канцеларија во Сибиу, Романија, но и во Виена, Австрија, каде се наоѓа и целата документација за актите со кои таму и официјално е регистрирана новата ромска влада, пишува Дојче веле.

-Освен средбите во ОН, наша цел е во септември да ја преземеме и палката во парламентарното собрание во Стразбур, каде што има седиште Европскиот ромски травел форум, вели Димов,пренесува Дојче Веле.

 

 

16.06.2014 - 10:25
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега