Среде бел ден ја фатил за градите - нападната малолетничка од Србија

 

Единаесетгодишно детенце преживеало вистински хорор во Белград. Имено, според податоците на српскиот Курир, девојчето било нападнато од педофил, кој ја фатил за градите и и рекол "Имаш многу убави гради!".

За среќа, девојчето брзо се оттргнало од рацете на монструмот и дошло дома расплакано. Откако нејзината мајка слушнала што се случило, веднаш пријавила во полиција. 

- Штом слушнавме што се случило веднаш пријавивме во полиција. Нашата ќерка преживеала хорор. За човекот дознавме дека работи како возач на автобус, велат гневните родители за српскиот Курир.

Девојченцето е потресено и не сака да отиде само ни до училиште. Нејзините рдители се загрижени за неа.

Полицијата трага по насилникот.

 

16.06.2014 - 09:32
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа