Заталкани куршуми ги плашат граѓаните

 

Залутан куршум заврши во ветробранското стакло на „Пежо 405“, кое било паркирано на улицата „Благоја Илиев - Гуне“ во Куманово. За среќа, сопственикот, 45 годишниот О.П. во моментот не бил во возилото.

Залутан куршум го исплаши и 73 годишниот скопјанец С.А.. Тој пријавил дека залутан куршум завршил во масата во неговиот двор. 

56 годишнта скопјанка С.Х. пријавила дека заталкан куршум вчера удрил во ѕидот на нејзината куќа и потоа паднал на скалите во дворот.

Полицијата работи на расветлување на трите случаи.

 

 

15.06.2014 - 14:29
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа