Владата со најновиот оглас им дава шанса на најквалитетните кадри

 

Владата на Република Македонија вчера распиша мега оглас за ангажирање на околу 379 лица за раководни позиции во државната управа и за членови во управните и надзорните одбори.

Премиерот Никола Груевски при своето обраќање вчера на 23-та годишна конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ рече дека со ваквиот систем на работа, ВМРО-ДПМНЕ во изминатите години оформил огромен круг на квалитетни и посветени кадри, кои се предводници на многу значани процеси во државата

-Излезе нов оглас со цел привлекување на најдобрите и највалитетни кадри од земјата и од дијаспората, независно од нивната етничка или верска припадност или пак политичка определба, кои ќе треба да ги попонат испразнетите функционерски места или оние на кои им завршуваат мандатите. Ова е трет пат ВМРО да го прави ова на ваков начин, во ситуација кога законски немаме обврска да го правиме тоа, но сакаме гласот за оваа шанса да стигне до секој човек кој поседува квалитети, знаење, креативност и желба да се приклучи и да и помогне на Македонија. Тоа е една од големите ралзики меѓу ВМРО и СДСМ, рече Груевски.  

Тој потенцираше дека со огласот, им се дава можност на сите оние кои се независни, а кои имаат квалитети и сакат да се вложат.

- Секој оној кој со душа и срце сака да работи за Македонија е добредојден да се пријави и да конкурира.  Ова е чекор кој не мораме да го направиме доколку не сакаме да пружиме рак  на највкалитетните кои сакаат да преземат одговорност и да го вложат своето знаење и креативност во развојот на Македонија. Младите имаат своја шанса. Ве охрабруам да бидете конкурентни, со знаење, со креативност, со подготовеност за работа и успоеси, да се борите за своето место, за вашиот личен напредок, а тоа е и напредок на Македонија. Тоа  е наш приоритет, рече Груевски.

Премиерот посочи дека политиката на отворени врати, на постојано кадровско совежување е нивната темелна заложба.

-Прибирање на нови кадри кои имаат знаење, волја и капацитет да се докажуваат. Им се дава шанса на образованите и стручните, на оние кои политиката не им била најсилна страна, туку вемето го трошеле да станат подбри во својата професија. Со новиот оглас им се дава шанса на тие што се подготвени да го дадат својот максимум да се вложат во развојот и напредокот, заклучи Груевски.

Огласот кој веќе е објавен во дневните весници и кој ќе трае до 30 јуни, се однесува за 159 раководни позиции во државната управа меѓу кои пет амабасадорски места, осум воени аташеа, 15 позиции на државни секретари во министерствата, над 20 директорски места на централни и државни органи, како и дваесетина позиции на директори на научни установи. Распишан е и оглас за над 220 членови на управни и надзорни одбори.

-Ова е најголем оглас кој било кога е распишан за обезбедување на интерес на лица за ангажирање на раководни позиции. Огласот не е законска обврска на Владата, но нашата цел е да обезбедиме една мобилизација која ќе резултира со нов квалитет што ќе биде внесен од страна на лицата кои ќе се пријават и кои ќе имаат можност да раководат со определени институции, истакна вчера портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев.

При изборот на кандидатите нема да има никаков вид на протекционизам, сите кандидати ќе имаат еднакви шанси.

- Сите лица кои ќе се обидат да извршат влијание кое ќе води до некаков протекционизам, нема да бидат толерирани и тоа ќе се смета за негативна карактеристика. Наша цел е да се ангажираат лица врз основа на нивните знаења и професионалното искуство, додаде Ѓорѓиев.

Огласот се однесува за позиции кои веќе се испразнети и за места чиј мандат на сегашните раководни лица истекува во текот на годинава или на следните две години.

Подетални информации за аплицирањето на огласот можат да се најдат на веб страницата на Владата на Република Македонија.

15.06.2014 - 13:57
Фото: 
МИА
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега