Уметностa на запознавање жени во теретана
Иако многу набилдани и искусни спортисти кои ќе ги најдете во фитнес центрите може да ви кажат дека залудно ќе се обидувате да зaведувате девојки во теретана како мажи долножст ни е да си пробаме. Тоа што некои се обиделе и не успеале не значи дека тие поставуват непишани правила. Оние кои не успеале веројатно имале погрешен пристап, па затоа и биле одбиени.
Ако запрашате некоја од девојките дали ѝ смета доколку некој маж пристојно им пријде за да се запознае со неа, одговорот ќе биде не, но само ако истиот е пристоен и културен. Сепак да не се залажуваме, и мажите и жените одат во теретана од една причина – да изгледаат подобро.
Заклучок? Секако дека ќе им се допадне ако некој го пофали нејзиниот изглед и целиот вложен труд во тренингот. Сетете се кога последен пат некој ви дал комплимент за тоа колку убаво изгледате а вие сте се изнервирале. Но пред да пријдете, запазете ги следниве неколку работи:
1. Бидете редовни
Ако се уште не сте член на некоја теретана, заборавете на опцијата уште првиот ден да влезете внатре и да земете еден куп телефонски броеви. Освен тоа што сопственикот на фитнес клубот ќе ве избрка пред да успеете да го направите и кардио тренингот, жените ќе ве карактеризираат како лудак, манијак и слично.
Дури тогаш кога ќе се чувствувате опуштено и сигурно, можете да почнете со познанствата и пријателските разговори.
2. Првите знаци
Запомнете, нема зјапање. Ако сакате да привлечете внимание, не зјапајте по облините на девојките. Најважен контакт е оној контакт со очите. Бидете расположени и насмеани.
3. Вистинскиот момент
Повеќето жени во теретана одат за вежбаат и притоа не сакаат пречки. Ако имаат слушалки во ушите немојте ниту да помислите да ѝ пријдете. Најдобар момент за пристап е за паузите, кога пијат вода, кога се растегнуваат.
4. Погрижете се за себе
Вие сте здрав маж кој се грижи за своето тело и здравје. Девојките го сакаат тоа. Сигурно оној кој посетува теретана сака да биде уреден во изгледот, па затоа внимавајте на опремата и секако мирисот. Задолжително користете дезодоранс.
5. Внимавајте со комплиментите
Вистина е тоа дека жените сакаат комплименти за нивниот изглед, стас,вежбање, кондиција и облека. Но тоа не важи правилото колку повеќе толку подобро. Значи нема гледање во задникот и нема коментирање, особено не треба додека вежба да ѝ кажете колку добар задник има.
Извор: Тхе Мен
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа