Наскоро почнува реконструкцијата на студентскиот дом „Гоце Делчев“
Заврши поднесувањето на понуди за првата фаза од реконструкцијата на студенскиот дом „Гоце Делчев“ и во следните денови треба да се одржи електронската аукција, информираше денеска министерот за образование и наука, Спиро Ристовски.
- По нејзиното завршување, доколку се биде во рамки на законот, се очекува да започне првата фаза од реконструкцијата на студенскиот дом, рече Ристовски, одговарајќи на новинарско прашање по пуштањето во употреба на новите новите сместувачки капацитети во студентскиот дом „Стив Наумов“ во Автокоманда.
На студентите кои се сместени во оние делови од домот кои први ќе се реконструираат ќе им биде понудено сместување во другите студенски домови.
- Можеби нема да може да одговориме во целост на сите потребни барања, но треба да бидеме рационални бидејќи многу е поважно во следните две години како што е планирано во фази да заврши комплетната реконструкција и да се обезбедат соодветни услови за студентите, истакна Ристовски.
Ристовски информираше дека студенскиот дом „Невена Ѓорѓиева-Дуња“ познат како Медицинар веќе е изготвен проектен план и ќе се планираат следните чекори.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа