Што вашиот часовник зборува за вас

Сакале или не, облеката која ја носите кажува многу за вас, исто како и автомобилот што го возите, или девојката која ја возите… Но, ништо помалку не заостанува ниту часовникот кој го поседувате.

 

Разгледајте накратко како ве опишуваат најдобрите светски брендови на часовници.

Timex

 

Timex е амерички бренд создаден во Waterbury, Connecticut во XIX век. Иако сега се склопува во Азија, компанијата ја водат американски тим кој заслушува многу почит.

Timex е кул бренд за луѓе што бараат малку историја без да падне во очи цената на часовникот, која е малку повисока.

Casio

Има две варијанти за часовниците на Casio. Ако нoсите некој модел со повеќе вградени алатки како компас, штоперица и слично, тоа значи дека сакате да поминувате многу време надвор од својот дом. Доколку го носите истиот часовник со кошула и вратоврска вие сте само човек што не знае како да се облече.

Другата страна на Casio  е линијата на часовници Casio G-Shock. Моделите на G-Shock се дигитални часовници кои започнаа да се произведуваат уште во осумдесетите години, а во денешно време можете да ги забележете кај многу познати личности од шоу бизнисот кои ги бараат најголемите и најблескавите G-Shock модели.

Rolex

Носењето на Rolex часовниците може да оди во две насоки, а тоа е како вие го презентирате. Rolex може да биде прекрасен и многу мажествен додаток доколку не го ставате пред лицето кое сакате да го забележи. Тие што носат Rolex и сакаат луѓето да го видат тоа, лесно ќе бидат забележани како такви, а тоа е уште полошо од комбинирање на Casio со одело.

Носете го Rolex-от гордо и бидете трпеливи, луѓето околу вас сигурно ќе го забележат, нема потреба да го ставате пред нивниот нос. Не е лошо да направите и малку пребарување за вашиот модел и да имате добра приказна зошто го одбравте баш тој часовник.

Swatch

Swatch часовниците се енигма. Можете да ги забележите кај најмладите, кај повозрасните  дури и кај најстарите. Во секој случај одлично се вклопува, особено заради големата палета на бои и модели кои се произведуваат уште од осумдесетите.

Носењето на Swatch нема баш одредена група на луѓе кои го носат, едноставно има огромен избор на модели за сите.

Tissot

Tissot е часовник за луѓе кои неможат да се одлучат дали да ги инвестираат парите во квалитетен часовник кој ќе можат да му го предадат на својот син или дали да ја послушаат нивната мајка и да не ги трошат парите на нешто “глупаво” како часовник.

Во секој случај, има модели на Tissot кои изгледаат прекрасно, но нема никој да импресионирате ако носите еден од нив.

Извор: Тхе Мен

15.06.2014 - 12:57
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега