Драма во Бразил: Дојава за бомба пред мечот Англија-Италија!

Целото подрачје околу стадионот „Арена Амазонија“ во бразилскиот град Манаус беше блокирано,  откако во бразилската полиција пристигнала дојава за поставена бомба.

Токму во Манаус вечерва на полноќ треба да се одигра европското дерби помеѓу Англија и Италија.

Како што пренесуваат медиумите, по деталната истрага станало јасно дека дојавата за бомба е лажна, по што навивачите безбедно почнале да го исполнуваат стадионот.

За безбедноста на стадионот вечерва во Манаус ќе се грижат повеќе од 1.000 полицајци и специјалци.

 

 

14.06.2014 - 23:04
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега