ФОТО: Министерот Попоски и Бред Пит си разговараа за Македонија

Шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски за време на самитот за „Запирање на сексуалното насилство за време на конфликт“ кој се оджуваше од 10 до 13 јуни во Лондон, се сретна и со холивудската ѕвезда Бред Пит, објавува Телеграф.

Министерот Попоски и познатиот глумец зборувале за улогата на жените во носењето на одлуки, но, и за неговите почетоци на актерската кариера. Попоски, јавува Телеграф, се изненадил што глумецот знаел за нашата земја. Тие поразговарале и за ситуацијата во регионот, а Пит бил запознаен и со состојбата во Македонија. На Попоски и Пит подоцна им се придружила и сопругата на Пит, светски познатата актерка Анџелина Џоли.

 

Министерот Попоски на самитот беше поканет од неговиот британски колега, Вилијам Хејг.

14.06.2014 - 15:44
Фото: 
Телеграф
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега