Груевски: Платите, пензиите и социјалната помош ќе пораснат за 21,5%

Прeмиерот Никола Груевски на денешното обраќање, истакна дека како што ветиле, од оваа, секоја година ќе има покачување на платите на вработените во јавниот сектор, на пензиите и на социјалната помош.

- Тековната година е година на покачување на платите и пензиите, како и социјалната помош за најранлвите категории на граѓани. Во следниот четиригодишен период, Владата ќе ги зголеми платите на просветните, здравствените, социјалните  и културните работници, полицијта и војската и сте вработени во јавниот сектор, по 5% секоја година почнувајќи од октомври оваа година, подвлече тој.

Груевски истакна дека вкупното зголемување на платите во овој мандат ќе биде 21,5%, а исто зголемување од 5% секоја година ќе има и на пензиите, како и за примателите на социјална помош.

Тој додаде дека ќе продолжат со поддршка на земјоделците и подвлече дека како што ветиле, обезбедиле вкупно 600 милиони евра за развој на земјоделството и руралните средини, односно по 150 милиони евра секоја година.

-Ова е исторсики највисок износ за поддршка на македонскиот земјоделец, обезбеден од македонската држава. А веќе на првата Седница на владата по изборите Владата го усвои законот за намалување на ДДВ за адитиви за сточна храна,  жив добиток со што директно се стимулира прозиводстото на месо и млечни прозводи а со тоа ќе се намали зависноста за увоз, истакна Груевски и подвлече дека по 19 јуни за ова ќе расправа и Парламентот.

14.06.2014 - 15:38
Фото: 
Курир
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега