Осветување и отворање на црквата „Св.Јован Крстител“ во Аеродром
Со голем црковно-народен собир денеска ќе биде осветен и отворен новиот црковен храм „Св. Јован Крстител“ во скопската општина Аеродром. Новата црква е изградена со донација на градежната компанија Адора Инженеринг и ктиторот Ванчо Чифлиганец.
Осветувањето ќе го изврши поглаварот на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, г.г. Стефан со митрополитите: брегалнички Иларион, тетовско-гостиварски Јосиф, кумановско-осоговски Јосиф, епископот Хераклејски Климент и повеќе свештеници на МПЦ. На настанот ќе присуствува и на ктиторотЧифлиганец, градоначалници, претставници на државните институции, бизнис личности и голем број православни верници и граѓани.
„Св. Јован Крстител“ е лоцирана во паркот со авион во општина Аеродром, на Кејот на реката Вардар и е петкуполна црква со специфична, древна архитектура, а во комплексот има камбанарија, фонтана и парк.
На свеченото отворање на црковниот храм „Св. Јован Крстител“ ќе има и културно уметничка програма со настапи на познати имиња од црковната, народната и забавната музика.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа