Петров се сретна со својот италјански колега Дела Ведова

Заменик-министерот за надворешни работи на Република Македонија, Зоран Петров, на денешната средба со неговиот италијански колега Бенедето Дела Ведова ја нагласи посветеноста на Италија кон процесот на проширување на ЕУ.

Петров упати порака дека за време на претседателството со Унијата во втората половина на оваа година, Италија ќе даде проактивна поддршка за отпочнување на пристапните преговори со Република Македонија.

Дефинирајќи ги односите меѓу двете земји како традиционално добри и пријателски, без отворени прашања, соопшти МНР, заменик - министерот Петров ги поздрави заложбите на Италијанската Република да го пласира процесот на проширување меѓу главните приоритети на претседавањето со Унијата. Оцени дека Македонија ќе продолжи со засилена динамика да ги реализира неопходните реформи на патот кон членство во ЕУ.

На средбата, како што се наведува во соопштението, беа опфатени и перспективите на економските односи меѓу двете земји, како и можностите за продлабочување на билатералната соработка на инфраструктурни проекти.

Заменик - министерот за надворешни работи на Италија Дела Ведова, која престојува во еднодневна работна посета на Македонија, беше примен од вицепремиерот задолжен за европски прашања, Фатмир Бесими и од министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески

13.06.2014 - 16:22
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега