УЈП се закани: Ќе правиме „парче“ по кафулињата и рестораните за време на СП во фудбал
Мобилните екипи на УЈП ќе вршат засилени контроли за фискализација во летниот период, посебно за времетраењето на светското фудбалско првенство и летните манифестации кои ќе се одржуваат низ општините и туристичките центри во Македонија каде се очекува зголемена посетеност на угостителските објекти, но и ризик од нерегегистрирање на готовинскиот промет.
„Со цел превентивно да делуваме субјектите редовно да издаваат фискални сметки на потрошувачите, даночниците од вчера отпочнаа со засилени контроли во Гевгелискиот регион, каде поради откриени неправилности во финансиското работење запечатени се осум објекти. Затворени се и два објекти во Кавадарци и еден во Неготино во период од 15 дена, а на фирмите и одговорните лица изречена им е глоба во износ од 3250 евра во денарска противвредност. Апелираме обврзниците да го регистрираат прометот и да издаваат фискални сметки, со цел објектите да не им бидат затворени од УЈП, а со тоа и да не можат да вршат дејност посебно во овој период кога се очекува зголемување на прометот.“ - велат од ЈУП
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа