Нова Југославија - Црна Гора ги кани балканските земји во нов сојуз

Црногорската Влада, преку министерот за надворешни работи Игор Лукшиќ, иницираше нов концепт на регионална соработка меѓу земјите од Западен Балкан, во кој би биле вклучени Црна Гора, Македонија, Србија, Косово, Албанија и Босна и Херцеговина, објавуваат црногорските медиуми.

Шесте балкански држави заедно би работеле на евроатлантските интеграции.
Оваа иницијатива, која предвидува понапреден вид на меѓусебна соработка со цел побрза европска интеграција, има и функционален пристап, односно предвидува соработка во подрачјата важни за унапредување на квалитетот на животот на граѓаните и единствена политика за прашањата од заеднички интерес.

Подгоричките медиуми известуваат дека нивниот шеф на дипломатија Лукшиќ неодамна во Брисел оваа иницијатива му ја претставил на еврокомесарот за проширување Штефан Филе, кој ја поддржал идејата за групирање по углед на другите регионални модели на соработка во Европа.

Со иницијативата се планира и разгледување на укинувањето на обврската за поседување пасош при преминот на меѓусебните граници, но и поквалитетна заштита на малцинствата, социјална заштита и заштита на животната средина, како и соработка и умрежување на здравствените институции.

најчитано сега