ФОТО: Преку Фејсбук побарала непознат маж да го убие нејзиното семејство

 

19- годишната Мариса Вилијамс од Алабама била уапсена откако побарала од за неа непознат корисник на Фејсбук да го убие нејзиното семејство.

Она што не го знаела е дека зад името Тре Елис се криела нејзината тетка!

 

Мариса, не знаејќи дека Тре Елис е лажен профил на тетка и, побарала од него лажно да ја киднапира а потоа да го убие целото нејзино семејство.  Девојчето на непознатиот корисник му дала прецизни упатства како да влезе во собата и како да ги изврши убиствата.

Тетката на Мариса вели дека  го отворила лажниот профил оти била загрижена за внуката, со цел да и покаже какви опасности се закануваат преку аноимни контакти на социјалните мрежи, но набргу сфатила дека самата е во опасност и дека треба да повика полиција.

Мариса со кауција од 30.000 долари е пуштена од затвор.

13.06.2014 - 12:08
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа