ФОТО: Маја Вукичевиќ тагува по Бруно
Познатата македонска пејачка Маја Вукичевиќ овие денови се чувствува тажно заради загубата на кучето Бруно кое цели 13 години беше дел од семејството на пејачката. Таа на својот Фејсбук профил напишала дека е скршена и дека ќе и фали чистата љубов што ја добивала од миленичето.
-"13 години живеевме заедно, шетавме, се гушкавме, ме тешеше кога бев тажна, уживаше кога му пеам, правеше хаос низ дома ако го оставам повеќе од неколку часа сам, заспиваше на мојата перница... Ти благодарам најмило мое Брунце за твојата чиста љубов, сонценце мое, премногу ќе ми недостигаш. Те сакам бебенце", напишала Маја на Фејсбук, каде што ставила и фотографии со миленичето.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа