Пожар во македонското Собрание

 

Во една од куполите на македонското Собрание, каде се уште се извршуваат градежни работи утрово избувнал мал пожар. За среќа пожарот веднаш бил изгаснат. 

ПОжарот настанал кога при заварување на челичната конструкција, паднала искра на термичката подна изолација, велат од Собранието. Веднаш е увидено, реагирано и санирано. Имало само чад бидејќи се работи за затворен простор. Материјална штета не е направена.

Благоја Менковски од Противпожарната единица потврдил дека настанот се случил при заварување, пренесува МИА.

Пред службениот влез на Собранието на Република Македонија имаше две противпожарни возила. Во зградата во моментов се уште нема електричната енергија. 

13.06.2014 - 09:58
Фото: 
Канал 5
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега