Владината мерка дава резултати: За само 3 месеци вработени 2.000 млади луѓе

Работодавачите покажуваат голем интерес за владината мерка за вработување млади до 29 години. За само три месеци вработени се околу 2000 лица. Агенцијата за вработување примила 2076 поднесоци од вкупно 1272 работодавачи, пишува Економски.мк.

Официјалните податоци на Агенцијата, според кои дневно 20тина лица добиваат работа преку оваа мерка, зборуваат за тоа каква е заинтересираноста за вработување на младите.

Оваа владина мерка која почна да се спроведува пред 3 месеци, предвидува за секое нововработено младо лице до 29 години, државата да ги подмирува трошоците за придонеси и даноци за период од една година.

-Ги охрабруваме сите бизнисмени, целиот приватен сектор да ја искористат мерката затоа што на тој начин доаѓаат до значително заштедување, нивните трошоци ќе се намалат за околу 30%, а од друга страна со ангажирање на млад, стручен, квалификуван кадар се придонесува за развој на нивната дејност и за подобрување на деловните резултати, објасни портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев.

Мерката важи за приватниот сектор, работодавачите кои вработуваат лице до 29 години со полно работно време имаат попуст од вкупно 37% или :

- 27 % по основ на социјалните придонеси

- 10% персонален данок на доход.

За возврат, работодавачите имаат обврска вработениот да го задржат на работа две години.

Во Македонија има 45.000 невработени до 29 години. 25.000 од нив се изнасниле дека бараат работа, додека останатите 20.000 се пасивни невработени. ОВаа владина меркс ќе се применува две години.

12.06.2014 - 15:27
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега